Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во првите три натпревари во СЕХА-лигата доживеа пораз, но се соочи и со многу повредени играчи. На дуелот со Нексе во Скопје се повреди Марио Танкоски.

Тој уште во средината од првото полувреме го заврши својот настап. Танкоски беше турнат, па незгодна стапна и го свитка скочниот зглоб.

На почетокот изгледаше дека повредата е сериозна, но Марио сепак добро мина и најверојатно ќе отсуствува само една седмица, информираат од Металург.

Претходно се повредија, Мартин Велковски во првото коло и Томи Јагуриновски во втората рунда.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Хорор инцидент во Формула 3: Пет лица завршија во болница (видео)

Ужасен инцидент ја прекина за околу еден час трката за ГН на Макао во Формула 3. Германски…