Дома Фудбал Повредата на Миовски не е сериозна, ќе игра во ЛШ

Повредата на Миовски не е сериозна, ќе игра во ЛШ

Бојан Миовски експресно се рехабилитираше од повредата здобиена викендов, па е дел од тимот на Џирона кој отпатува за Холандија на дуелот од Лигата на шампионите. 

Повредата на скочниот зглоб не е сериозна иако изгледаше многу полошо кога го напушти теренот на мечот против Леганес.

Тој е повикан за настап на дуелот против ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, а потоа ќе биде во комбинација и викендов во Ла Лига.

По тие два меча Миовски ќе одговори на повикот на селекторот Благоја Милевски за последните натпревари во групната фаза на Лигата на нациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го лоцира проблемот на Јувентус: Десет минути играме добро, па се губиме

Јувентус двапати се враќаше против Фиорентина за реми 2-2, а Спалети предупреди на недости…