Еден од најдобрите светски ракометари Никола Карабатиќ го повреди скочниот зголб, но како што соопштија од француската репрезентација, повредата не е сериозна и тој ќе биде посогтвен за настап на Светското првенство кои за две недели ќе започне во Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Добро се чувствувам, повредата не е сериозна, станува збор за мало истегнување на зглобот. За да бидам во вистинската форма за СП ќе морам да внимавам на многу детали“, изјави Карабатиќ.
Франција на СП се наоѓа во групата со Полска, Норвешка, Русија, Јапонија и Бразил. Првиот меч ќе го одигра на 11 јануари против Бразил.
На ова Сп ќе учествува и репрезентацијата на Македонија, која за противници во групата ги има Шпанија, Словенија, Тунис, Исланди Ангола. Првиот меч Македонија ќе го одигра на 12 јануари против Тунис.