Дома Трансфер зона Повратникот во Серија А има големи амбиции – тргнува по потписот на Икарди!

Повратникот во Серија А има големи амбиции – тргнува по потписот на Икарди!

Тимот на Комо по 21 година чекање сезонава предводе од клупата од Сеск Фабрегас успеа да се врати во Серија А. Според последните информации нивните амбиции за засилувања се големи и го сакаат и Мауро Икарди.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Комо веќе прави големи планови за следната сезона, а една од целите на раководството е да се доведе искусен голгетер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, оваа работа нема да биде нималку лесна, бидејќи Икарди оваа сезона постигна 30 гола за Галатасарај, ја освои титулата и со турскиот гигант го чека настап во Лигата на шампионите, па прашање е дали ќе прифати да дојде во клуб кој ќе има главна цел опстанок во Серија А.

Икарди одлично се снајде во Истанбул, Галата прво го доведе на позајмица, а потоа го откупи минатото лето за 10 милиони евра, што е една од подобрите зделки на турскиот клуб.

Комо нема познати имиња, иако има богати сопственици од Индонезија, ќе биде вистински предизвик да привлече потенцијални ѕвезди за да се избори за опстанок и да стане стабилен прволигаш. Претходно со овој клуб се поврзуваше и Џејми Варди на кого му завршува договорот со Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…