Дома Фудбал Планот на Раиола за Донарума не е ПСЖ: Младиот голман оди во тимот каде ќе биде пречекан на „нож“

Планот на Раиола за Донарума не е ПСЖ: Младиот голман оди во тимот каде ќе биде пречекан на „нож“

Италијанските медиуми и натаму од час во час пласираат информации околу Донарума, Милан најде голман и сега е сигурно дека Џанлуиџи во јуни ќе го напушти клубот.

Секако, од тоа дека ќе биде слободен играч нема да има ништо, едноставно, 40 милиони е сумата колку што би чинел, со оглед на тоа дека „Росонерите“ нема да ја исполнат целта и да се пласираат во ЛШ.

Сепак, денес попладне следеше бомба.

Планот на Раиола е да го однесе Донарума во Јувентус, ако ПСЖ не може поради финансискиот фер плеј да плати обештета.

И тука контроверзниот менаџер има сојузник, поточно човек кој одлучува, Павел Недвед, чиј агент и беше.

Имено, Јувентус кој има добри односи со Милан би можел да понуди 40 или 50 милиони евра плус Шчесни и да го добие наследникот на Буфон.

Како што се наведува, изминатото лето Донарума го одби Јувентус, но сега ќе го испрати Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…