Дома Трансфер зона Пиоли: Ќе донесеме квалитена замена за Чалханоглу

Пиоли: Ќе донесеме квалитена замена за Чалханоглу

Фудбалерите на Милан денес ги започнуваат припремите за новата сезона, а тренерот Пиоли зборуваше на пресконференција пред медиумите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пиоли истакна дека целта на раководството е да го засили тимот бидејќи оваа сезона Милан ќе настапува во Лигата на шампиони.

Меѓу другото зборуваше и за Донарума и Чалханоглу кои го напуштија Милан ова лето.

„За Џиџо и Чалханоглу имам највисоко мислење  и имам одлични односи со сите фудбалери кои ги имав во тимот минатата сезона. Меѓутоа тие направија свој избор и сега не треба да гледаме назад туку напред. Раководството знае што е потребно, на местото од Чалханоглу ќе донесеме квалитетн играч. Сепак трансфер пазарот е се уште многу долг“, изјави Пиоли.

„Оваа сезона Серија А ќе биде исклучително интересна и седум клуба ќе се борат за врвот. Нашата цел е да се бориме за врвот и да бидеме изненадувње во Лигата на шампиони“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…