Дома Фудбал Пиоли: Со Донарума си посакавме среќа и се заблагодаривме еден на друг

Пиоли: Со Донарума си посакавме среќа и се заблагодаривме еден на друг

Извесно е дека Џанлуиџи Донарума нема да го продолжи договорот со Милан.

Барањата на голманот во преговорите со Милан едноставно беа превисоки за клубот, па затоа „росонерите“ го доведоа Мајк Мањан од Лил кој се очекува да биде првиот голман во новата сезона.
За ситуацијата на Донарума сега зборуваше тренерот на Милан Стефано Пиоли.

„Донарума е голем професионалец, секогаш е фокусиран на теренот. Преговорите може ќе вродат плод, можеби и нема…Ние си посакавме среќа и се заблагодаривме еден на друг, односот помеѓу нас е коректен“, изјави Пиоли.

Клубот со кој најмногу се поврзува Донарума во овој преоден рок е Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три минути го скршија Селтик, Баур без оправдувања: Заслуживме пораз!

Селтик поведе, но Селта со два гола на Хави Родригез славеше со 2-1 во Глазгов. По три кол…