Дома Трансфер зона Пиоли потврди, Томори останува во Милан

Пиоли потврди, Томори останува во Милан

Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.

Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука.

Томори синоќа против Јувентус одигра фантастичен натпревар, а по мечот тренерот Пиоли потврди дека Милан и играчот имаат намера да продолжат заедно.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан сигурно ќе го откупи 23-годишниот Англичанец, кој веќе постигнал договор со „росонерите“ за 5-годишна соработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…