Дома Фудбал Останато Пиоли: Најголемо изненадување за мене во Ал Наср е Роналдо

Пиоли: Најголемо изненадување за мене во Ал Наср е Роналдо

Италијанскиот тренер Стефано Пиоли кој седна на клупата на Ал-Наср привлече внимание со изјавата за Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пиоли не крие дека е импресиониран од работната етика и професионалноста која е присутна кај Португалецот и покрај кариерата која ја има зад себе.

„Роналдо е еден неверојатен фудбалер кој секогаш бил голем шампион и професионалец. Без оглед на возраста и кариерата, секогаш е култуерен, воспитан и има почит за своите соиграчи.

Никој не е вечен и знаеме дека му се ближи крајот на кариерата и тоа е сосема нормлано. Сепак, Роналдо импресионира на тренинзите и натпреварите. Дефинитивно за мене тој е најголемото изненадување откако сум тука“, изјави Пиоли.

Пиоли во редовите на Ал Наср пристигна откако го напушти Милан и со Ал Наср во овој момент е на третата позиција со шест бода помалку од лидерот Ал Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим без милост: Отпиша дури седум фудбалери на Милан!

Рубен Аморим веќе започна со значајни промени во екипата на Милан, а според најновите инфо…