Жерар Пике го критикуваше актуелното раководство на Барселона предводено од првиот човек Жоан Лапорта откако клубот не успеа во намерата да го врати Меси.
Се најавуваше и изгледаше дека Меси е блиску до враќање во Каталонија, но на крајот тој се пресели во МЛС лигата во тимот на Интер Мајами. Пике потсети дека во еден период тој, Бускетс и Алба беа критикувани за високите плати.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Изгледа дека клубот се уште има финансиски проблеми. Сега кој треба да си замине? Претходно ни се зборуваше дека ние сме одговорни поради високите плати, Бускетс, Алба и јас. Сега ние не сме во клубот, а тие и така не успеаа да го доведат Меси“, изјави Пике.
За ситуацијата во Барселона зборуваше и Меси во интервјуто за „Мундо Депортиво“ во кое го потврди трансферот во американскиот клуб.
„Сакав да се вратам во Барселона, но слушнав дека клубот треба да намалува плати и да продава играчи, а јас да чекам да видам што ќе се случува. Не сакав да бидам одговорен за такво нешто, знам во каква ситуација бев кога заминав пред две години и не сакав тоа да ми се повтори. Не сакав друг да одлучува за мојата иднина, ниту пак некој да страда поради мене“, изјави Меси.