Дома Фудбал Пике: Прв пат се чувствувам инфериорно во однос на Реал

Пике: Прв пат се чувствувам инфериорно во однос на Реал

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике после поразот во Суперкупот од Реал призна дека работите во Шпанија се промениле пред почетокот на новата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралскиот“ клуб до трофејот дојде супериорно со две победи и вкупни 5:1, а Пике го призна она што беше очигледно – дека Реал е моментално подобар.

„Мислевме дека ќе играат со двајца напаѓачи, не со тројца, како на првиот натпревар. Не притискаа, беа подобри од почетокот и тоа го одреди ритамот на мечот. Ова не е најдобриот период за нас како тим и како клуб. Мораме да се консолидираме и да се вратиме“, истакна Пике.

„Мораме да го признаеме поразот и да кажеме дека Реал е подобар од нас. Сезоната е долга и има простор за напредок. За девет години, колку што сум овде, прв пат се чувствувам инфериорно во однос на Реал. Вистина е дека ја освоија ЛШ, но и ние го направивме тоа не толку одамна“, заклучи Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Светскo првенство 2026: Еве кој се пласираше и кои се паровите за нокаут фазата

Светското првенство, чиј домаќини се САД, Канада и Мексико, го достигна завршниот дел од г…