Дома Фудбал Англија Пеп се фаќа за глава, повреден уште еден дефанзивец

Пеп се фаќа за глава, повреден уште еден дефанзивец

Украинскиот репрезентативец Зинченко заработи повреда на коленото поради што го пропушти вечерашниот дуел против Аталанта.

Украинецот ќе направи дополнителни прегледи во Манчестер за да се утврди тежината на повредата, но тој е само еден од низата дефанзивци на Сити кои се повредени.

Сепак, најголем проблем за Пеп Гвардиола е стоперската позицијата каде недостасуваат Отаменди, Стонс и Лапорте, додека Зинченко беше конкуренција на Менди на позицијата лев бек.

22-годишниот дефанзивец оваа сезона запиша девет настапи, а како што следува згуснатиот распоред, оваа вест ќе ги загрижи надлежните на Етихад.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Петарда“ на ПСЖ, Мурињо поразен во Минхен, сигурни Јувентус, Реал и Атлетико (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа и последните натпревари од шестото коло во Лигата на шампионите. Најмно…