Дома Македонски спорт Мак фудбал Пелистер викендов ја пушта новата трибина: Вардар побара да има гостински навивачи

Пелистер викендов ја пушта новата трибина: Вардар побара да има гостински навивачи


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Општина Битола денес објави дека со натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар викендов ќе биде пуштена новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“.

Сигурно дека натпреварот со Вардар е вистински момент за да биде отворена трибината.

„Со „вечното македонско дерби“ помеѓу ривалите, фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје, в сабота од 13.00 часот, општина Битола, ќе ја пушти во употреба реконструираната северна трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Откако деновиве беа изведени завршните градежни работи за поставување на столчињата, трибината со капацитет за 4800 гледачи е подготвена за прием на навивачката публика. 

Иницијативата која започна во 2014 по желба на битолчани, конечно станува реален проект, чии бенефити ќе може да ги користи Битола и нејзините вљубенци во спортот, а пред се фудбалските фанови.

Трибината се полни низ седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Oрганизирана е во 19 – 21 ред со 4618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места. Просторот под трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.

Општина Битола е единствената општина во државата, која реализира ваков капитален проект од сопствени средства, од кој активностите согласно склучените договори се целосно реализирани.

Во следниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции за доуредување на внатрешниот и околниот простор, како и внесување на комплетна функционалност на објектот, согласно меѓународните стандарди, но и во корелација со обврската за одржливост на објектот“.

По оваа информација се огласија и од Вардар барајќи да биде дозволен влез и на гостински навивачи.

„Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на Ф.К. Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група “Комити Запад”. Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група “Чкембари Битола” на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје. 

Воедно, упатуваме важен апел до управата на Ф.К. Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу Ф.К. Пелистер и Ф.К. Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се  одигра ден подоцна, односно во недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби. 

Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на било кој аспект. 

Недела ден за фудбал – навивачите заслужуваат!“, стои во соопштението на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бегството од манистир, најголемиот порок, левакот Калстром – ова се најлудите изјави на Ќиро Блажевиќ

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ „Тренерот над сите т…