Дома Трансфер зона Пасторе: Го напуштив ПСЖ во вистински момент!

Пасторе: Го напуштив ПСЖ во вистински момент!

0

Најголемото засилување на Рома ова лето, Хевиер Пасторе призна дека со тешко срце го напуштил ПСЖ, но почувствувал дека е вистинскиот момент.

Пасторе беше првото големо засилување на „светците“ во 2011 година. Седум години подоцна разделбата беше неизбежна, откако Аргентинецот падна во втор план.

„За време на моите први 4 години во Париз цело време бев на теренот и играв. Тогаш добив проблем во мојот мускул на ногата. Постојано се повредував и не можев да најдам вистинското решение со лекарскиот штаб, за да не чувствувам болка кога играм“, истакна Пасторе.

„Мислам дека го напуштив ПСЖ во вистински момент. Клубот имаше намера да се насочи кон други играчи, а јас немав намера да останам таму без да играм. Бев среќен во Париз, но сфатив дека е време да си заминам. Не бев среќен со овој факт, но сепак бев среќен бидејќи освоивме се“, додаде Аргентинецот.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната следната дестинација: Робен пред враќање во поранешниот клуб!

Веќе е извесно каде Арјен Робен ќе ја продолжи кариерата. Арјен Робен ќе го напушти Баерн …