Дома Фудбал Италија Парма ја изненади Рома, Интер се „извади“ во финишот 🎥

Парма ја изненади Рома, Интер се „извади“ во финишот 🎥

Фудбалерите на Парма денес на свој терен ја поразија Рома со 2:0 во мечот од 27. коло во Серија А, додека лидерот Интер во последните минути дојде до победа против Торино.

Парма одлично го отвори денешниот натпревар и поведе уште во деветтата минута. Рома после тој примен гол ја превзема иницијативата и се закани неколку пати преку Џеко и Педро, но резултатот не се промени. Казната за промашувањата на Рома стигнаа во второто полувреме кога Хернани го реализираше пеналот кој го изнуди Ибанез.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Одличен натпревар одиграа Торино и Интер, а „нероаѕурите“ во последните минути успеаа да дојдат до победата. Торино ја чуваше својата мрежа се до 61. минута кога Интер поведе со 1:0.

Домаќините стигнаа до изедначување девет минути подоцна кога Санабрија ја искористи конфузијата кај домаќините после корнер и го совлада Хандановиќ. Кога изгледаше дека Интер ќе освои само бод одличен гол со глава од десетина метри постигна Лаутаро Мартинез и така донесе важни три бода за Интер во трката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историски момент во Абу Даби: Узбекистан ќе игра на Светско првенство!

Фудбалската репрезентација на Узбекистан ја избори својата прва учество на Светското првен…