Раководството на Парма постигна договор со Баерн Минхен за трансфер на младиот напаѓач, Џошуа Зиркзе, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парма се бори за опстанок во Серија А, па значително го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Зиркзе пристигнува од Баерн Минхен на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на лето за 15 милиони евра.
19-годишниот талент не добива голема минутажа сезонава во Баерн, па реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Интерес за Зиркзе покажаа уште Ајнтрахт и Евертон, но Парма ја победи конкуренцијата.