Дома Фудбал Паника во Интер Мајами поради Меси 🎥

Паника во Интер Мајами поради Меси 🎥

Меси беше заменет уште во 37. минута од натпреварот откако почувствува болка во мускулот, само неколку минути откако поради слични проблеми излезе и Жорди Алба.

Тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино се надева дека не е во прашање нешто сериозно.

„Се надевам дека не е нешто сериозно. Скоро сигурно нема да игра против Орландо за викендот, а ќе видиме дали ќе биде спремен за Купот на САД“, изјави аргентинскиот стратег.

Меси изгледаше фрустриран кога го напушташе теренот и неговата реакција не ветува многу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Компани повторно во Баерн по менингитисот, враќањето на клупата ќе почека

Белгискиот тренер првпат по болничкото лекување го посети тренинг-центарот на Баерн. Негов…