Дома Фудбал Италија Пандев се налути претседателот и тренерот на Џенова воодушевени

Пандев се налути претседателот и тренерот на Џенова воодушевени

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев вчера постигна гол во победата на Џенова над Киево од 2:0.

Откако Пандев постигна погодок, само две минути подоцна стратегот на Џенова одлучи да го замени, а тоа како што самиот Балардини откри го налутило македонскиот капитен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Можам да кажам дека Пандев не се однесуваше баш најдобро кога го заменив, беше навистина лут што го напушта теренот. Тој е голем шампион и сакаше да биде на теренот цел натпревар. Таквиот однос кон играта ми се допаѓа, само шампионите се однесуваат така, среќен сум што имам играч како него“, изјави Балардини.

Слично мислење како и Балардини делеше и претседателот на клубот, Енрико Прециози.

„Пандев бил лут што Балардини го заменил? Тоа е позитивно. Со таквото однесување покажува желба за да помогне на тимот. При водство од 2:0 мене ми изгледа сосема нормално да замениш напаѓач со фудбалер за врска“, смета претседателот на клубот.

Голот за Пандев против Киево беше негов втор оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…