Дома Фудбал „Пандев ни е потребен, мора да го чуваме“

„Пандев ни е потребен, мора да го чуваме“

Стратегот на Џенова Давиде Никола е под притисок поради резултатите на клубот и Џенова се уште не обезбедила опстанок оваа сезона.

Опстанокот нема да биде лесна задача за Џенова, пред овој тим се тешки натпревари. На последниот натпревар овој тим загуби од шампионот Јувентус, сепак тука и реално не очекуваа бодови, шансата за освојување на бодови ќе ја бараат во наредните натпреварите.

Давиде Никола освен за резултатите зборуваше и за македонсиот фудбалер Горан Пандев.

„Горан е играч со исклучителен квалитет. За него не може да се каже ништо лошо, секогаш го дава максимумот од кога сум јас тука. Ние мораме да го чуваме Пандев да биде во најдобра форма, физичка пред се затоа што ни е потребен“, изјави тренерот на Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

403 дена без домашна победа: Барнли постави неславен рекорд во англискиот фудбал

Бирмингем славеше со 2-0 на „Турф Мур“, а Барнли стигна до рекордни 24 домашни првенствени…