Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев во изјава за германските медиуми зборуваше за успехот на македонската фудбалска репрезентација.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Панчев ја коментираше сензационалната победа над Италија во баражот, а го „пецна“ Горан Пандев за неговиот придонес во репрезентацијата.




Тој изјави дека Македонија со Пандев во тимот губела од репрезентации како Андора (ОВДЕ).
Пандев веднаш се огласи и во изјава за „Фокус“ му одговори на Панчев.




„Немам што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за Светско првенство“, изјави Пандев за „Фокус“.