Дома Фудбал Останато Пандев за трансферот во Галатасарај: Го фрлив телефонот и се откажав, Игуаин викаше по мене од тераса

Пандев за трансферот во Галатасарај: Го фрлив телефонот и се откажав, Игуаин викаше по мене од тераса

Капитенот на репрезентацијата Горан Пандев вчера разговараше со Илија Несторовски во живо на Инстаграм и откри интерсни детали од неговата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пандев помеѓу останатото зборуваше и тоа како се случил трансферот во Галатасарај. Пандев Галатасарај не ја памети по добро и за него како и што самиот кажа тоа е најголемата грешка во кариерата.

Тој трансфер се реализирал во последниот ден од летниот преоден рок кога Пандев веќе се помирил дека ќе остане во Наполи.

“На крајот од сезоната во Наполи им кажав дека сакам да си одам ако има прилика. Цело лето немаше ништо конкретно. Дојде последниот ден од преодниот рок и се помирив дека тоа е тоа – останувам. Беше 31. август, го фрлив телефонот и не ме интересираше повеќе. Игуаин живееше тогаш до мене и го слушам вика од тераса Горан, Горан, Горан…Ми кажа дека ме бара Снајдер и сака да зборува со мене. Отидов го земав телефонот и навистина видов 20 пропуштени повици од Снајдер. Разговаравме постигнавме договор и до крајот на денот веќе бев во Инстанбул“, раскажа Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…