Дома Македонски спорт Мак фудбал „Пандевци“ не го даваат врвот, Ибраими во 94-та минута ја „извади“ Шкендија

„Пандевци“ не го даваат врвот, Ибраими во 94-та минута ја „извади“ Шкендија

0

Денес во рамките од шестото коло во македонската прва фудбалска лига со почеток од 15:30 часот се одиграа четири натпревари.

Академија Пандев не го дава врвот и со победата над Победа на гостински терен од 2:4 остануваат на лидерската позиција.

Од самиот старт „пандевци“ тргнаа напаѓачки, а тоа им се исплатеше во осмата минуда кога Миловановиќ погоди за 0:1. Во 39 минута Ванче Шиков зголеми на 0:2. Ефремов три минути подоцна погоди за намалување на водството на гостите.

Во вториот дел Победа со голот на Мустафов стигна и до изедначување, но Миловановиќ со вториот погодок и Дориев со гол од пенал обезбедија нови три бода за „пандевци“.

Силекс се покажа како исклучително тежок противник за Шкендија.

Гостите од Тетово до предност стигнаа преку Бојку во 14-тата минута, но Гроздановски на десетина минути пред крајот изедначи на 1:1. Сепак, Бесарт Ибраими успеа да постигне гол во 94-тата минута за победа на Шкендија.

Претходно во 74 минута кај Шкендија исклчување заработи Селмани.

Во останатите два натпревари денес Беласица ја победи Ренова со 0:2 и Шкупи со 2:1 на свој терен беше подобар од Македонија Ѓорче Патров.

После шестото коло Академија Пандев е лидер со 15 освоени бодови, па потоа следуваат Шкендија и Вардар со по 14.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Синот на Ривалдо сака да игра во македонската прва лига!

Новиот прволигаш Струга Трим Лум добил интересна понуда. Имено, синот на славниот бразилск…