Дома Топ вести Падна договор: Лаутаро во Барса, Интер добива пари и двајца фудбалери

Падна договор: Лаутаро во Барса, Интер добива пари и двајца фудбалери

Барселона и Интер се блиску до договор за трансферот на аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез, тврдат медиумите во Каталонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според каталонски „Спорт“ Барса ќе плати 60 милиони евра за 22-годишниот Аргентинец, а исто така во трансферот ќе бидат вклучени и двајца фудбалери. На списокот се Умтити, Ракитиќ, Видал и Семедо.

Претходно во медиумите имаше информации дека раководството на Интер е подготвено да го ослободи Мартинез само доколку добие 111 милиони евра,колку што изнесува откупната клаузула, но Барселона не е подготвена да плати толку многу заради финансиската криза.

Интер сакаше во договорот да вклучи и едногодишна позајмица на Антоан Гризман, но тоа не е изводливо, па клубовите успеаа да се договорат со поинакви услови.

Лаутаро инсистира да се пресели на „Камп Ноу“, па Интер прифати да добие 60 милиони евра и двајца фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…