Трансферот Антоан Гризман од Атлетико до Барселона, кој требаше да биде чиста формалност се претвори во вистинска војна помеѓу двата клуба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најпрво се чекаше 1 јули и клаузулата за откуп на Французинот да се намали од 200 до 120 милиони евра, но потоа се појавија проблеми помеѓу двата клуба.
Гризман наводно се заканил со штрајк и дека нема да се појави на првиот тренинг, бидејќи сака што побрзо да се пресели на „Камп Ноу“.
Последните информации од Шпанија говорат дека проблемите се надминати и трансферот ќе биде официјализиран во среда.
Официјалната презентација на Гризман на „Камп Ноу“ е закажана за петок, а Францизинот во забота ќе го има првиот тренинг со тимот.
Гризман ќе стави потпис на 5-годишен договор според кој ќе заработува 17 милиони евра по сезона.