Дома Фудбал Очајната Барселона загуби во Гранада, Валверде ја губи поддршката

Очајната Барселона загуби во Гранада, Валверде ја губи поддршката

0

Барселона доживеа нов шок. Актуелниот првак на Шпанија во 5. коло од Ла Лига е поразен кај Гранада со резултат 2:0.

Гранада уште во втората минута стигна до водство. Жуниор Фирпо направи кардинална грешка, која ја искористи Азиз за предност од 1:0.

Домашниот тим одлично играше во дефанзивата и на Каталонците не им дозволија да ја играат својата игра во фаза на нападот, додека секој нивен напад беше опасен за Барса.

На одмор се замина со водство на Гранада од 1:0, а на почетокот од вториот дел Валверде ги внесе во игра Ансу Фати и Лионел Меси.

Сепак, ниту овие измени не и помогнаа на Барса. Гранада во 66. минута повторно ја затресе мрежата на шпанскиот првак, a овој пат од пенал погоди Вадиљо за 2:0.

До крајот на натпреварот Барса не направи ништо посебно. Остана 2:0 за Гранада која барем на еден ден го презема врвот на табелата.

Од друга страна Барселона е на седмата позиција со само седум освоени бода, а уште еден кикс би можел скапо да го чини тренерот Валверде.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ракитиќ се огласи после одењето пеш од аеродромот до дома (фото)

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се најде во голем проблем по враќањето во Барселон…