Дома Фудбал Италија Охрабрувачки податок за „дамата“: Еве кога Роналдо е најефикасен!

Охрабрувачки податок за „дамата“: Еве кога Роналдо е најефикасен!

Јувентус ова лето направи вистински бум на трансфер пазарот доведувајќи ја своите редови првата ѕвезда на трикратниот европски шампион Реал Мадрид, Кристиано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо одлучи да го напушти Реал Мадрид, а како за нов предизвик ја избра „старата дама“ која за него плати 115 милиони евра кои ќе бидат исплатени на две рати.

Сепак, на стартот од сезоната Роналдо загрижи дел од фановите на актуелниот италијански шампион бидејќи во првите три кола се уште нема постигнато погодок.

Но, охрабрување за Јувентус и навивачите стигна од португалскиот весник „А Бола“.

Имено, овој медиум потенцира дека септември е најуспешниот месецо кариерата на Португалецот во кој тој постигнал дури 57 погодоци.

Во викендот после репрезентативната пауза Јувентус ќе игра против Сасуоло, Валенсија, Фросиноне, Болоња и Наполи, а токму тука би можеле да видиме вистинска експлозија на Португалецот со оглед на неговиот досегашен учинок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Иран на Светското првенство ќе игра без навивачи

Иранската фудбалска федерација објави во вторникот дека им е одземена распределбата на вле…