Македонија и во следната ракометна сезона ќе има два претставници во Лигата на шампионите, откако ЕХФ ја прифати кандидатурата за учество во ЛШ доставена од страна на Металург.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Металург и за следната сезона ќе ги задоволува потребните критериуми, сметаат од ЕХФ и затоа го ставија во друштво на екипите кои ќе настапуваат во групите со, условно, понизок квалитет, Ц и Д. Металург таму ќе биде заедно со Адемар Леон, Спортинг, Елверум, Бешикташ, Вакер Тун, Чеховски медведи, Динамо Букурешт, Татран Прешов, Кокс, Висла и Силкеборг.

Освен Металург, Извршната комисија на ЕХФ во Глазгов одлучи да им додели вајлд-карти на Рајн-Некар Левен,Веспрем,Монпејле и Нант.

Клубот од Автокоманда ќе се најде во групите Ц и Д кои квалитативно се послаби од групите А и Б.

Покрај Вардар во послините групи А и Б ќе играат и ПСЖ, Кјелце, Пик Сегед, Фленсбург, Барселона, Скјерн, Мешков Брест, Загреб, Мотор Запорожје, Кристијанштад и Целје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…