Дома Трансфер зона Официјално: Јувентус ја испрати младата надеж на нова позајмица

Официјално: Јувентус ја испрати младата надеж на нова позајмица

Лука Пелегрини ни оваа сезона нема да добие шанса во Јувентус затоа што клубот одлучи да го испрати на нова позајмица.

Пелегрини минатата сезона играше за Каљари, но минатото лето се врати во Јувентус. Со „старата дама“ ги помина припремите и изгледаше дека конечно може да добие шанса, но тоа нема да се случи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, Јувентус се реши повторно да го испрати 21 годишниот фудбалер на позајмица. Новата сезона Пелегрини ќе ја помине кај Пандев во Џенова.

Позајмицата на Пелегрини Јувентус утрово ја потврди на својата официјална страна. Во договорот помеѓу двата клуба стои дека Џенова нема да има право да го откупи Пелегрини идното лето.

Пелегрини кариерата ја започна во Рома, а минатото лето потпиша за Јувентус за сума од 22 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…