Дома Трансфер зона Официјално: Јувентус се засили со француски талент

Официјално: Јувентус се засили со француски талент

Јувентус денес и официјално го претстави новото засилување, а станува збор за 19-годишниот крилен напаѓач, Абдулај Дабо од Нант.

Францускиот талент пристигнува во Торино на позајмица до крајот на сезоната за која Јувентус ќе плати 1,5 милиони евра, а ќе има и опција да го откупи на лето.

Дабо првично ќе биде испратен да игра со младиот тим на Јувентус, каде ќе се обиде да се наметне и да добие повик за првиот тим.

Скаутите на Јувентус подолго време го следат талентот и се убедени дека ќе биде важен играч за иднината на клубот.

„Старата дама“ е активна кога се во прашање младите таленти, па претходно го договори трансферот на Николо Ровела од Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти се борат за потписот на ѕвездата на Порто

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за ѕвездата на Порто, Отави…