Дома Фудбал Италија Официјално: Фиорентина е во рацете на милијардер!

Официјално: Фиорентина е во рацете на милијардер!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Роко Комисо ја купи Фиорентина за сума помеѓу 160 и 170 милиони евра.

Фиорентина доби нов сопственик. Италијанско-американскиот милијардер Роко Комисо и официјално од денес е сопственик на познатиот калчолигаш од Фиренца.

Комисо го купи клубот од семејството Дела Вале за сума помеѓу 160 и 170 милиони евра, откривајќи дека преговорите се воделе дури три години.

„Секогаш сум бил љубител на италијанскиот фудбал и не можам да опишам колкава ми е честа што имам прилика со своето знаење да допринесам за пишување на нова историја на клуб каков што е Фиорентина. Фиренца ширум светот е познат како град кој го претставува најдоброто од италијанската култура. Во овие три години разговор за купување разбрав колку клубот е важен за градот и навивачите. Сакам да се заблагодарам на семејството Дела Вале на водењето на Фиорентина во изминатите 17 години. Диего и Андреа се многу заслужни бидејќи го спасија клубот од финансиски колапс. Тие зад себе оставаат стабилни темели на кои ќе го градиме клубот“, изјави Комисо.

Роко Комисо е сопственик на најголемата компанија за кабловска телевизија во САД и сопственик на фудбалскиот тим Њујорк Космос. Роден е во Калабрија но се преселилс во САД уште како дете, а се наоѓа на списокот на 500 најбогати луѓе во земјата. Минатата година се споменуваше како потенцијален купувач на Милан, но тогашните кинески сопственици ја одбија неговата понуда. Богатството на Комисо се проценува на 4.4 милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…