Дома Фудбал Англија Официјално: Солскјер е нов тренер на Манчестер Јунајтед

Официјално: Солскјер е нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тоа што го најавија англиските медиуми денес доби и официјална потврда, Оле Гунар Солскјер е нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешната легенда на „црвените ѓаволи“ доаѓа на местото на Жозе Мурињо и ќе ја извршува функцијата прв тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната.

„Можеме да потврдиме дека Оле Гунар Солскјер е назначен за тренер до крајот на сезоната 2018/19“, потврди англискиот клуб, а воедно додаде дека Норвежанецот во стручниот штаб ќе ги има Мајк Фелан, Мајкл Карик и Кјеран МекKен.

„Јунајтед е во моето срце и мило ми е што се враќам во клубот. Сакам да работам со овој талентиран тим, како и со вработените во клубот“, изјави Солскjер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибра е легенда: На Американците во студиото им го пушти балканскиот хит (Видео)

Интересен момент од Светското првенство привлече внимание на социјалните мрежи. Златан Ибр…