Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Саутгејт повеќе не е селектор на Англија!

Официјално: Саутгејт повеќе не е селектор на Англија!

Англискиот селектор Герет Сатугејт и официјално се повлече од функцијата откако не успеа на Островот да го донесе европскиот трофеј.

На Европското првенство Англија стигна до финалето во кое Шпанија беше подобра со 2:1. Иако играа финале Англичаните преку целиот турнир добиваа критики за начинот на кој играат и подобар впечаток оставија само против Холандија во полуфиналето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Селекторското место Саутгејт го напушта по 102 натпревари на клупата и само Сер Волтер Винтерботом (139) и Сер Алф Ремзи (113) имаат повеќе.

Пред да дојде на селекторската функција, Англија никогаш не играла финале на Европско првенство, а со него имаа две финални битки во низа.

Селектор на Англија беше од 2016 година, претходно ја водеше и селекцијата на Англија до 21 години, додека во клупската кариера го водеше уште Миделсброу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато колку пари бара Бруно Фернандеш за да остане во Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандеш се уште има активен договор, но изгледа дека Црвените Ѓаволи веќе сега сак…