Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: РФМ го стопира ракометот на две недели

Официјално: РФМ го стопира ракометот на две недели

По фудбалот и кошарката во земјава поради коронавирусот стопиран е и ракометот.

РФМ се огласи преку официјално соопштение во кое соопштува дека ќе има прекин на сите натпреварувања од две недели, а потоа ќе се одлучува за понатаму.

„Ве известуваме дека Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за прекин во период од 14 дена на Националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига како и натпреварите од Женската ракометна лига.

Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани.

Дополнително согласно препораките и забраните од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот COVID – 19 , Ракометната Федерација на Македонија донесе претходно одлука со која сите натпревари во младите категории се одложуваат во период од 14 дена“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

УБАВИТЕ ВРЕМИЊА НА МЕТАЛУРГ: Кога моќната Барселона беше немоќна пред четата на Лино – цел натпревар!

Денес ќе ве потсетиме на уште еден епски момент од македонскиот спорт – денот кога големат…