Дома Фудбал Останато Официјално: Патрик Виера нов тренер на Ница

Официјално: Патрик Виера нов тренер на Ница

Легендарниот фудбалер кој најдолг дел од својата кариера помина во редовите на Арсенал денес беше промовиран за нов тренер на францускиот прволигаш, Ница.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Патрик Виера, играчката кариера ја заврши во Манчестер Сити во 2011 година, а две години подоцна започна да го учи тренерскиот занает во младинските редови на „граѓаните“, каде што се задржа до 2015 година.

Во 2016 година управата на Манчестер Сити го испрати во својата филијала во САД во тимот на Њу Јорк Сити, клуб кој денес го напушти за да потпише за францускиот клуб.

Пристигнувањето на Виера во Ница би можело многу да влијае на одлуката на Марио Балотели кој со Виера беше соиграч во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид оди по нов дефанзивец – цената е меѓу 50 и 60 милиони евра

Реал Мадрид сериозно размислува за ангажман на германскиот репрезентативец Нико Шлотербек,…