Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби официјална потврда – Илија Несторовски кариерата ќе ја продолжи во Удинезе.
Македонскиот голгетер после исфрлањето на Палермо во Серија Ц е слободен играч, а веќе од поодамна имаше постигнато договор со Удинезе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Несторовски веќе ги поминал лекарските прегледи, а денес Калчолигапот и официјално го потврди трансферот.
Несторовски со Удинезе потпише 3-годишен договор со опција за четврта година и ќе заработува 1 милион евра по сезона.
Nestorovski è bianconero! ⚪️⚫️
? https://t.co/O3V66cB9qL pic.twitter.com/gt98fTqST3— Udinese Calcio (@Udinese_1896) July 26, 2019
„Несторовски покажа во минатото дека знае да постигнува голови во сите категории, вклучувајќи ја и Серија А. Тој му даде предност на Удинезе и покрај серијата на важни понуди кои ги имаше на маса и затоа треба да му бидеме благодарни“, изјави директорот на Удинезе, Пирпаоло Марино.