Дома Трансфер зона Официјално: Милик има нов клуб

Официјално: Милик има нов клуб

Напаѓачот на Наполи, 26 годишниот Аркадиуш Милик од оваа зима ќе игра во француската Лига во дресот на Марсеј.

Трансферот е официјализиран вчера вечерта откако Милик ги помина лекарските прегледи. Во Марсеј тој ќе настапува како позајмен играч, а францускиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор.

Од овој трансфер Наполитанците би требало да инкасираат околу 8-9 милиони евра, плус преку бонуси 3-4. Освен тоа тие договорија и 20% од сумата од следната продажба на Милик.

Во Наполи Милик помина четири ипол години и оствари учинок од 48 голови во 122 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан одлучи, ќе го откупи Томори

Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи. После повреда…