Дома Македонски спорт Официјално: Македонскиот талент Гуџуфи потпиша професионален договор со Бешикташ

Официјално: Македонскиот талент Гуџуфи потпиша професионален договор со Бешикташ

Maкедонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи од оваа сезона и официјално ќе има право да игра за турскиот гигант Бешикташ во турското првенство и еврокуповите.

Гуџуфи поради правилата затоа што уште немаше наполнето 18 години не можеше да потпише професионален договор со екипата, слично како што и Елмас беше со Фенербахче, така и Гуџуфи одреден период играше за У-19 тимот на Бешикташ.

Бешикташ вака покажа дека сериозно смета на македонскиот фудбалски талент и следната сезона ќе биде со првиот тим. Професионалниот договор кој го потпиша со турскиот гигант има важност до 2027 година.

Турската Суперлига сезонава ќе биде посебно интересна за македонската јавноста со оглед на тоа дека претходно трансфери таму направија, Езгјан Алиоски (Фенербахче) и Енис Барди (Трабзонспор).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јуве…