Дома Фудбал Англија Официјално: Легендарниот „граѓанин“ стави потпис!

Официјално: Легендарниот „граѓанин“ стави потпис!

Давид Силва денес стави потпис на нов договор и ја продолжи соработката со Манчестер Сити, објави клубот од „Етихад“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот шпански репрезентативец е „граѓанин“ од 2010 година, кога пристигна од Валенсија, а до денес има одиграно 235 натпревари и постигнато 40 гола.

Силва веќе има легендарен статус во Манчестер Сити, а денес се обврза на верност до 2020 година.

„Неверојатно сум горд на се што направив за седум и пол години поминати во Сити, а сега под водство на Пеп верувам дека се наоѓаме во позиција да ги освоиме сите трофеи оваа сезона. Задоволство е да се биде во тим кој игра со ваков стил и се радувам на годините кои доаѓаат и новите трофеи“, изјави Силва.

За време на својот престој на „Етихад“ Силва два пати ја освои Премиер лигата и еднаш ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интересна изјава од Роналдо по испаѓањето од Мундијалот – ова никој не можеше да замисли дека ќе го каже

Кристијано Роналдо тешко го поднесе елиминирањето на Португалија од Светското првенство. П…