Екипата на Челси го комплетираше трансферот на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалскиот ас претходно помина една полусезона на позајмица во лондонскиот клуб, но сега пристигнува во перманентен трансфер и се очекува да остане подолго.
„Среќен сум што се вратив во Челси и не можам да дочекам да почнам со работа. Гледам некои познати лица од претходниот пат кога бев и секогаш е убаво кога ќе видите такви луѓе.
Ми се допадна времето поминато тука претходно и им кажав на семејството и на пријателите дека еден ден сакам да се вратам во Премиерлигата. Возбуден сум што тоа се случи“, изјави Феликс по потврдата на трансферот.