Дома Трансфер зона Официјално: Жоао Марио го засили Вест Хем

Официјално: Жоао Марио го засили Вест Хем

Португалскиот репрезентативец Жоао Марио и официјално е играч на Вест Хем, потврди клубот на својата официјална страна.

25-годишниот играч за врска доаѓа од Интер на позајмица до крајот на сезоната за која „чеканите“ платија 1,1 милион евра.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Многу сум среќен што сум дел од овој клуб. Ова ќе биде неверојатно искуство затоа што се приклучувам на одличен тим. Навистина ми е драго што сум тука. Среќен сум што ќе играм во Премиер лигата“, изјави Жоао Марио.

Португалецот во 2016 година пристигна во Интер за 40 милиони евра како европски шампион, но не успеа да се наметне во тимот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ал Хилал на Салах му нуди 100 милиони евра по сезона!

Мохамед Салах сè уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, па на лето најверојатно ќе с…