Дома Македонски спорт Официјално: Димитриевски награден од Рајо за одличните настапи

Официјално: Димитриевски награден од Рајо за одличните настапи

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски вчера потпиша нов договор со Рајо Ваљекано до 2022 година.

Димитриевски брани одлично, па ваква реакција од страна на шпанскиот клуб и беше очекувана. Освен од фановите на Рајо и луѓето во Ла Лига во текот на првиот дел од сезоната имаа пофалби за Рајо.

Неодамна тој беше избран и најкорисен играч на колото.

Поради таквата ситуација беше јасно дека Рајо ќе му понуди нов договор.

Новиот договор на Димитреивски со шпанскиот клуб има важност до 2022 година. Финансиските детали засега не се откриени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Скопје домаќин на две битки за ЕП: младите одбојкари ги добија ривалите

Машката и женската селекција до 20 години ќе играат квалификациски турнири во „Јане Сандан…