Дома Фудбал Италија Официјално: Берлускони во Монца доведе поранешен тренер на Милан

Официјално: Берлускони во Монца доведе поранешен тренер на Милан

Како што е познато поранешниот сопственик на Милан од крајот на септември повторно е „газда“ на еден фудбалски клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Берлускони тогаш го финализираше купувањето на третолигашот Монца, а во новиот проект веднаш му се придружи и Адријано Галијани, десната рака од славните денови во Милан.

Сега Берлускони во Монца доведе уште еден стар познаник од „Сан Сиро“, Кристијан Броки.

Имено, Марко Зафарони доби отказ на клупата на Монца откако на пет натпревари во Серија Ц не успеа да запише ниту една победа, па на неговото место денес официјално пристигна Броки, поранешен тренер на Милан.

Иначе, 42 годишниот Броки и како играч долги години беше член на Милан каде што ја започна кариера. Тренерската кариера ја започна во младинскиот погон на „росонерите“, додека првиот тим го водеше кон крајот на сезоната 2015/2016.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…