Барселона денес преку официјално соопштение ја потврди продажбата на Артур во Јувентус.
Каталонскиот клуб во официјалното соопштение ја откри и сумата на трансферот, кој ќе „тежи“ 72 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, 60 милиони евра од оваа сума ќе бидат компензирани со потписот на Пјаниќ, чиј трансфер се очекува во секој момент да биде потврден.
Артур викендов ги мина лекарските прегледи и стави потпис на договорот со Јувентус, но се врати во Барселона за да ја доигра сезоната.
Важно за двата клуба беше продажбите да бидат комплетирани до 30- јуни за да може да се сметаат во финансискиот извештај за оваа сезона.
? DEAL DONE: Barcelona have confirmed a €72m + €10m add-ons agreement has been reached with Juventus for the sale of Arthur. He'll remain at the club until the end of official competition this season. (Source: @FCBarcelona) pic.twitter.com/aKD85JgCKS
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 29, 2020