Дома Топ вести Официјално: Ајакс ја доведе замената за Де Лихт

Официјално: Ајакс ја доведе замената за Де Лихт

Ајакс ќе има променет тим во наредната сезона, а сега стигна и засилувањето кое би требало да биде замена за Матијас Де Лихт кој направи трансфер во Јувентус.

Де Лихт денес беше претставен пред навивачите на Јувентус, а Ајакс денес го потврди трансферот на играчот кој ќе биде негов наследник.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за Едсон Алварез кој го носеше дресот на Клуб Америка. Тој денес пристигна во Амстердам.

Алварез игра како стопер, но исто така без проблем може да ја покрива позицијата и на десен бек.

Како што наведуваат од Ајакс Алварез ќе потпише договор на пет години, а во наредните денови овој играч ќе биде и официјално претставен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…