Дома Трансфер зона Официјално: Атлетико се засили со играч на Реал Мадрид!

Официјално: Атлетико се засили со играч на Реал Мадрид!

0

Атлетико Мадрид на официјалната веб-страница го објави трансферот на играчот на Реал Мадрид, Маркос Љоренте.

Маркос Љоренте, кој ги помина сите младински категории во Реал Мадрид, од денеска е нов фудбалер на градскиот ривал Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ се согласија да му платат 40 милиони евра обештетување на Реал Мадрид, додека фудбалерот ќе потпише петгодишен договор.

Љоренте има одлични физички предиспозиции а знае и да игра со топка, па се очекува перфектно да се адаптира во стилот на Симеоне.

Љоренте треба да биде замена за Родри, кој е на чекор од преселба во Манчестер Сити за 70 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Зидан конечно се огласи за статусот на Бејл во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за статусот на Герет Бејл. Шпанските меди…