Дома Топ вести Јунајтед понуди 80 милиони за Љоренте, Атлетико кажа ДА

Јунајтед понуди 80 милиони за Љоренте, Атлетико кажа ДА

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Атлетико Мадрид ја прифатил понудата од Манчестер Јунајтед за Маркос Љоренте.

Имено, „црвените ѓаволи“ понудиле 80 милиони евра за играчот за врска, а Атлетико ја прифатил понудата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Атлетико не би ја разгледувал таквата понуда доколку финансиската ситуација во клубот беше стабилна, но поради пандемијата „јорганџиите“ имаат големи загуби.

Шпанецот не сака да си замине од Мадрид, но Атлетико е приморан да го продаде и да заработи на неговото заминување.

Љоренте пристигна во Атлетико за 30 милиони евра од Реал и се афирмираше во еден од најдобрите играчи за врска во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…