Дома Трансфер зона Официјално: Атлетико потврди, не еден – двајца „јорганџии“ заминуваат во Кина!

Официјално: Атлетико потврди, не еден – двајца „јорганџии“ заминуваат во Кина!

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид и официјално потврди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Досегашните двајца фудбалери на „јорганџиите“ Јаник Караско и Нико Гаитан се нови членови на кинескиот клуб Далијан Џифанг!

Мадриѓаните преку официјално соопштени испратија благодарност до Аргентинецот и Белгиецот за се што направија за клубот.

Атлетико одлучи да се откаже од овие двајца фудбалери поради нивниот пад на формата оваа сезона, но посебно во центарот на вниманието е што Јаник Караско минатото лето вредеше многу повеќе, а Атлетико бараше 100 милиони евра, поради што одби бројни понуди.

Сепак, Белгиецот оваа сезона игра непрепознатливо лошо. Кинезите понудија огромна сума, како на Атлетико, така и на Караско (засега не се објавува колку). Гаитан пак целосно беше во втор план, скоро и да не играше откако од пред една година пристигна од Бенфика како големо засилување.

Како и да е Атлетико заработи, на лето скоро сигурно се очекува и заминување на Гризман, а потоа веројатно следат нови вложувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…