Дома Фудбал Отпадна последната пречка пред Лапорта во преговорите со Меси

Отпадна последната пречка пред Лапорта во преговорите со Меси

Барселона веќе може слободно да испрати понуда до Лионел Меси за нов договор, откако заврши финансиската ревизија во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од „Камп Ноу“ соопштија дека утре претседсателот Жоан Лапорта ќе има пресконференција на која ќе открие каква е финансиската состојба на Каталонците.

Досега Лапорта немаше можност да му понуди конкретна плата на најголемата ѕвезда, бидејќи не знаеше со какви финансии ќе располага.

Меси замина во Аргентина каде и се приклучи на аргентинската репрезентација, па преговорите ќе се одвиваат на дистанца и ќе нема брзо да се завршат.

Се очекува конечната одлука Меси да ја донесе после завршувањето на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…