Пеп Гвардиола им ја соопшти одлуката на управата на Манчестер сити. Тој разговарал со членовите и кажал дека ќе остане до крајот на договорот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак неговото долгорично останување во Манчестер Сити е поврзано со настапот на трансфер пазарот, Шпанецот бара да бидат донесени три засилувања пред тој да донесе одлука за продолжување на авантурата.
Последните информации велат дека Шпанецот сака раководството на Манчестер Сити да го одврзе ќесето и да донесе три засилувања на „критичните“ позивии. Стратегот ќе бара и нов човек за неговиот тренерски персонал со оглед на тоа дека Микел Артета се пресели во Арсенал.
Најголем приоритет е засилување на одбраната, а најголема желба на Гвардиола е Маркињос од ПСЖ, како и левиот бек на Лестер, Бен Чилвел.
Што се однесува до замената за Сане, засега не му е потребна, но на лето сака да го донесе својот сонародник Ојарзабал и на крајот го сака Лаутаро Мартинез за кој планира да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра.