Дома Фудбал Италија Откриено кога Манџукиќ ќе го потпише новиот договор со Јувентус

Откриено кога Манџукиќ ќе го потпише новиот договор со Јувентус

0
manzukic

Како што пишува „Ла Стампа“ Марио Манџукиќ ќе го продолжи договорот со Јувентус до 2022 година.

Ова се најавува веќе подолго време, но она што е новост е што тие откриваат кога точно Хрватот ќе стави потпис на нов договор.

Според нивните информации важниот потпис во Торино ќе „падне“ после натпреварот во Лигата на шампионите во против Атлетико Мадрид.

Никакви детали не се откриваат, во овој момент според „Калчомеркато“ тој во Торино добива 3.5 милиони евра по сезона.

Манџукиќ има 32 години и потпишувањето на нов договор со Јувентус веројатно ќе значи дека во редовите на „старата дама“ ќе ја заврши кариерата.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сари од херој за Неапол сега е предавник – ова е доказ! (ФОТО)

Кога стигна официјалната потврда дека Маурицио Сари ќе биде нов тренер на Јувентус тој пов…